![talat dzaferi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/talat-dzaferi.jpg?resize=696%2C484&ssl=1)
Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште одлучило актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата од 28 јануари, во пресрет на изборите напролет.
Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, на својот Фејсбук профил потврди дека актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, ќе биде првиот премиер Албанец.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.
„Состанок на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (Тетово 8.12.2023): Подготовки за избори; Внатрепартиски избори; Разно.
Одлуки: Одлука за учество на претседателски и парламентарни избори; Премиер на Владата на Северна Македонија од 28 јануари ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери; За шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими; Се овластува претседателот на Партијата да ги продолжи разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори“, напиша Османи.
Првиот круг од претседателките избори ќе се одржи на 24 април, а две недели подоцна на 8 мај ќе спојат вториот круг од претседателските со парламентарните избори.