„Талат тргна против Џафери“: Професорите на УКИМ бараат премиерот да им го исполни ветувањето што им го даде кога беше собраниски спикер

Талат тргна против Џафери – порачаа академиците кои се кренаа против власта. Професорите на најстариот и најголемиот македонски универзитет, Кирил и Методиј, бараат Владата конечно да почне да го почитува колективниот договор кој го потпиша лани.

Тие тоа го договорија со Собранието, како нивни основач, додека со него претседаваше Талат Џафери. Сега, како претседател на Владата, тој не го почитува овој договор, за што професорите велат дека значи оти власта само декларативно се залага за владеење на правото, пренесе Алфа.

-Долго време молчевме додека се газеше по угледот, достоинството и дигнитетот на универзитот. Повече нема да молчиме. Непочитувањето на колективниот договор е упад во автомоијата на универзитот. Затоа, упатуваме апел во рок од три дена имаме средба со почитуваниот премиер. Во спротивно ќе ги радикализираме и ќе ги преземеме сите демократски и правни мерки, порача лидерот на сојузот на синдикати при УКИМ, Ангел Ристов.

Додаваат дека ситуацијата на УКИМ никогаш до сега не била полоша и оти непочитувањето на колективниот договор само ја прелеало чашата, затоа што причини за револт има многу.

-Поводот е колективниот договор, но причини има уште многу. Нарушената финансиска автономија, нарушената кадровска автономија, нарушената функцинонална автономија, што ни создава секојдневни проблеми во функционирањето, порача ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова.

Оттаму порачаа дека ова што сега го прави Владата е незаконски и од студентите, кои стоеа рамо до рамо со нив, побараа разбирање и поддрша ако решат да штрајкуваат или да излезат на протести.

-Тоа е кршење на прицнипот на владеењето на правото и самоволие на извршаната власта, непочитувајќи ги актите на Собранието, како највисока законодвана власт. Доколку не допре гласот на разумот до надлежните, ние сме единствени, согласни и она што ќе следи ќе биде гласот на УКИМ, кој што ќе биде громогласен, додаде Ристов, пренесе АЛФА.