Левиот бек на Вардар и ракометен репрезентативец Филип Талески, реши да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Македонија и лидер на табелата скопски Вардар.
Талески во својот договор имаше опција „плус една”, па сега тоа ќе се активира и Вардар ќе може да смета на неговите услуги и во наредната сезона.
Репрезентативецот на Македонија игра во одлична форма оваа сезона.