СJO води политичка хајка против мене, тврди битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Според него случајот „Транспортер“ е наметнат процес, а тој денeска за прв пат даде исказ пред надлежниот обвинител.
Се работи за еден наметнат процес. Убеден сум дека телефонскиот разговор не е причина да се прави ваква политичка хајка. Општина Битола работи законски, нема прекршувања на ништо што сме работеле, се е законски, се е транспарентно и ние тоа ќе го потврдиме и ќе го докажеме, изјави Талески, пренесува ТВ Нова.