![talibanci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/talibanci-1.jpg?resize=611%2C420&ssl=1)
Талибанците наредија затворање на салоните за убавина во Авганистан. Телевизијата Ал Арабија објави дека талибанците дале рок од 10 дена да се затворат сите салони за убавина во земјата.
Талибанците исто така забраниле девојки да работат во трговски центри.
Откако во 2021 година тие дојдоа на власт, воведоа ограничувања за девојките и жените, за кои тврдат дека не се согласност со исламските вредности. Тие ги принудија телевизиските водителки да носат хиџаб, го забранија студирањето на универзитетите, забранија филмови во кои се појавуваат актерки и друго.