Талибанците во Авганистан ја слави втората годишнина од преземањето на власта

Владата на талибанците во Авганистан денеска на ден кој е прогласен за празник, ја слави втората годишнина од преземањето на власта во земјата.

„Заземањето на Кабул уште еднаш покажа дека никој не може да ја контролира гордата авганистанска нација и дека на ниту еден напаѓач нема да му биде дозволено да ги загрози независноста и слободата на земјата“, соопштија денеска талибанските власти.

Црно-белите знамиња на Исламскиот емират Авганистан, името што ѝ го дадоа на земјата нејзините нови владетели, се веат на безбедносните контролни пунктови во главниот град, кои паднаа во рацете на талибанците на 15 август 2021 година, кога падна владата поддржана од САД, а нејзините водачи отидоа во егзил.

Студиите, сепак, се невозможни за девојчињата, кои веќе немаат пристап до универзитетите. Во последните две години, талибанските власти го наметнаа своето строго толкување на исламот во земјата, а жените се тешко погодени од законите кои Обединетите нации ги опишаа како „родов апартхејд“.

Ограничувањата на правата на жените – кои се исклучени од јавниот живот, како и пристапот до вработување и образование – се главна пречка во преговорите за признавање на владата од меѓународната заедница и помошта што таа би можела да ја обезбеди.

Група експерти на ОН вчера ги осудија неисполнетите ветувања на талибанските власти за воспоставување пофлексибилен режим од тој што беше на сила за време на нивното прво доаѓање на власт, од 1996 до 2001 година.