![avganistan zena](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/avganistan-zena.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
На авганистанските универзитети ќе биде дозволено родово сегрерирано образование, објавија талибаните во неделата на нарекувајќи го заедничкото образование неисламско и спротивно на националните и традиционалните вредности на земјата.
„Саедничкото образование е спротиставено на исламските начела, а истовремено е и во судир со националните вредности и е спротивно на обичаите и традицијата на Авганистанците“, изјави талибанскиот министер за образование Шеик Абдул Баки Хакани на прес-конференцијата во неделата.
Доколку универзитетите имаат можност, и кампусите би требало да бидат поделени според полот, а доколу тоа не е возможно, универзитетите би требало да се воспостави алтернативна настава или да се обезбеди поделба на машки и женски студенти во училниците.
Талибанското движење сака да вработи предавачки за студентките, а ако тоа не е можно на мажите ќе им биде дозволенмо да ги подучуваат студентките сѐ додека на наставата се следат шеријатските прописи, додаде Хакани.
Ќе бидат задолжителни и новите прописи за облекувањето, исто така, според шеријатскиот законик. Хакани притоа појасни дека талибаните изминатите две децении се бореле за воспоставување на „исламскиот систем“.
Политичките коментатори и женската популација во Авганистан фрустрирано чекаа да видат какви ќе бидат талибанските политики во образованието. Во времето на талибанската влада, од 1996 до 2001 година, исламистичкото движење спроведуваше екстремно строгото толкување на исламскиот верски законик. Тогаш девојчињата и девојките не смееја да посетуваат настава.