Талибаните се заканија дека повторно ќе спроведуваат погубувања

Поранешниот озлогласен шеф на талибанската верска полиција изјави дека новите власти на неговото радикално исламистичко движење во Авганистан ќе се вратат на спроведување на најстрогите казни како што се егзекутирањата и отсекувањата делови од телата на осудените, пренесе во петокот германската новинска агенција DPA>

Мулата Нурудин Тураби, кој сега е задолжен за затворскиот систем во земјата, изјавил за AP News дека ампутациите(отсекувањата) се „потребни поради сигурноста“. Додал дека таквите казни можеби нема да бидат извршувани јавно, како во минатото во периодот на талибанската власт од 1996 до 2001 година.

Меѓутоа, ги отрфлил критиките поради тоа што талибаните го правеле претходно. „Никој нема да ни кажува какви би требало да бидат нашите закони“, истакнал Тураби.

Откако на 15-ти август ја преземаа власта во Авганистан, талибаните ветуваа дека ќе бидат поблаги од претходно, но веќе се појавија повеќе извештаи за кршење на човековите права ширум земјата.

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch предупреди во четвртокот дека талибаните во третиот по големина западен авганистански град Херат талибаните се во „потрага по истакнатите жени, ускратувајќи им ја жените слободата на движење надвор од нивните домобови и им го наметнуваат задолжителниот начин на облекување“ кој подразбира целосно покривање на телото.

Од организацијата Amnesty International во извештајот од крајот на август наведуваат дека талибаните се одговорни за масакрот на девет припадници на прогонетата шиитска заедница Хазари.