Талибаните убиле двајца за пуштање музика на свадба

Талибански борци застрелале двајца гости на свадбена свеченост бидејќи пуштале музика, соопштија во саботата локални челници и очевидци, а овој чин го осуди привремената влада во Кабул составена од првенците на радикалното исламистичко движење Талибан.

Лице блиско на жртвите изјавило за локалните медиуми дека припадници на талибанската милиција отвориле оган на свадба во градот Сорхуду, на истокот на Авганистан, откако ги затекнала сватовите кои слушале авганистанска музика и убиле двајца од нив а уште двајца раниле.

Талибаните ја забранија секоја музика која не е верска во перидот на минатото владеење со Авганистан од 1996 до 2001 година. Иако новата нивна влада, која дојде на власт кон средината на август годинава по повлекувањето на странските сили предводени од САД сѐ уште не донесоа никаков закон за тоа, и натаму смета дека неверската музика не е во согласност со исламскиот законик.

„Младите пуштаа музика во друга просторија, тројца талибани дојдоа и пукаа во нив. Двајцата ранети се во тешка состојба“, рекол очевидец.

Кази Мула Адел, портпарол на локалните власти во покраината Нангахар го потврдил инцедентот без да наведе други поединости.

Поранешниот воен портпарол на талибаните а сега заменик министер за култура и информации Забиула Муџахид не ја потврдил за AFP веродостојноста на инцидентт, но додал дека талибаните не го одбруваат таквото насилство.