9.8 C
Skopje
вторник, декември 3, 2024

Тамара Тодевска сподели видео, велejќи дека плаче секој пат: Мама ќе пее за вас додека дише

Македонската пејачка Тамара Тодевска често споделува моменти од својот приватен живот со своите фанови, а вчера ги разнежни следбениците со едно симпатично видео на нејзиниот Инстаграм профил.

Сè уште се памети нејзиниот настап на минатогодишната „Евровизија“ со фантастичната изведба на песната „Proud“, со која и го оствари нашиот најголем успех на ова натпреварување, а видеото кое вчера го објави е токму од тој период кога таа беше на „Евровизија“ и кога дома го остави своето 5-месечно синче Дарен.

„Ова ми е едно од оние видеа на кое плачам секој пат. Дарен имаше само 5 месеци кога бев на Евровизија. Првата полуфинална вечер не успеа никој да ме слушне од неговото плачење. Залепен за екранот ја слуша и галка мама. Моето злато. Ве сакам бескрајно деца мои. Мама ќе пее за вас додека дише“, напишала Тодевска во описот на видеото.