„Танец“ ќе добие нов дом

Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе добие нов дом. На иницијатива на директорот на Н.У. „Танец“, Мартин Вучиќ, на 72. владина седница одржана на 23 јуни 2020 година, беше разгледано и одобрено поднесеното барање на институцијата за ново урбанистичко-архитектонско решение за нов дом на една од најстарите културни институции во државата, проект врз кој раководството на „Танец“ работеше интензивно во изминатиот пандемски период.

Владата го разгледа барањето и го задолжи Министерството за култура да ѝ предложи соодветно решение за проблемот со кој се соочува Националната установа Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“.

-По седум децении постоење, една од најважните македонски институции од областа на културата кај нас ќе добие своја сала и соодветни услови за работа и концертирање, достојни за нејзината историска важност. Ова е прв пат, некоја влада да има слух за значајната улога на адекватните просторни услови во целокупниот раст и натамошен развојот на овој наш најголем амбасадор на македонското фолклорно богатство и македонската култура, воопшто – велат од „Танец“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.