Култниот американски режисер Квентин Тарантино објави дека има намера наесен да го снима својот десетти филм, кој би требало да биде последен во неговата кариера.
„Го завршив сценариото за тоа што ќе биде мојот последен филм“, изјави режисерот на филмовите „Pulp Fiction“, „Kill Bill“ и „Inglourious Basterds“, интервјуиран во Париз.
„Претпоставувам дека веројатно ќе го снимам наесен“, вели режисерот и додаде дека сите гласини кои се шират за овој филм се само шпекулации.
Дејството на филмот под работен наслов „The movie critic“ ќе се одвива во 1977 година, прецизира Тарантино.
„Не е посветен на новинарката и филмската критичарка и не е биографски филм за Полин Каел“, култната фигура на весникот The New Yorker, којa почина во 2001 година, како што неодамна објавија некои медиуми, тврди Тарантино.
Режисерот на филмови полни со синефилски референци, 60-годишниот Тарантино веќе ѝ оддаде почит на американската кинематографија од доцните 1960-ти и раните 1970-ти, која ја сакаше во неговиот најнов и деветти филм „Беше еднаш во… Холивуд“ од 2019 година.
Тарантино повеќепати повторуваше дека сака да ја заврши кариерата откако ќе сними десет филмови, сметајќи ги двата „Kill Bill“ како еден, што дополнително ги подгреа очекувањата на неговите фанови за новиот филм.