Таравари: Ако коалицираме со Алтернатива и БЕСА ќе го поразиме ДУИ

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар, од Алијанса за Албанците, вечерва во гостувањето во емисијата „КликПлус“ на ТВ21, се осврна на односите на владејчката ДУИ и другите албански партии во земјата.

Ако се решиме да направиме коалиција со Алтернатива и со БЕСА, ќе го победиме ДУИ, изјави тој.

Претходно Таравари, градоначалникот  ја објасни причината зошто не гласал на претседателските избори.

„Ако излезев на гласање, сите ќе мислеа дека сум гласал за Силјановска“, изјави Таравари.

Тој се освртна пота и на одосите на централната власт кон Општина Гостивар и го илустрираше со примерот, дека полицијата не реагира на кучињата скитници, затоа што началникот е од Владата.

„Кога од други градови се носат кучиња скитници, полицијата во Гостивар не реагира, затоа што началникот од полицијата е човек од Владата“, вели Арбен Таравари на прашањето зошто не се реагира на овој проблем.