Таравари: Бродот што тоне сите го напуштаат, постојат шанси за ново парламентарно мнозинство

Мислам дека ќе има и ново мнозинство, постојат реални шанси да има ново мнозинство, најави Арбен Таравари градоначалник на општина Гостивар во втрорникот вечерта во текот на емисијата „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Таравари ги отфрли шпекулациите дека е можно пратеници од коалициската Алтернатива да премини во парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, порачувајќи дека Ввладата е всушност брод кој тоне, а обично во такви ситуации, како што рече, тој бродот што тоне сите го напуштаат.

„Сега засега од Алтернатива нема никакво преминување. Знаете дека Заев од пред една година вели ќе има уште два, три, пет, седум пратеници, но поминаа година иполовина од парламентарни избори и со овој пораз не верувам зошто тоа е брод кој што тоне. Сигурни сме во Алтернатива 100 проценти, само од парламентарното мнозинство можат да побегнат. Кога бродот тоне, луѓето скокаат од таму и бегаат“, рече Таравари.

На прашањето со кого Алијанса за Албанците би го зголемила мнозинството, Таравари рече дека има повеќе незадоволни пратеници од власт.

„Па има повеќе потенцијални кандидати, повеќе заинтересирани страни, повеќе незадоволни пратеници од партиите на власт“, рече Таравари кој во неделата го освои вториот градоначалнички мандат во Гостивар