„Ние сме во убедлива предност пред ДУИ“, изјави Арбен Таравари по затворањето на избирачките места.
Одговарајќи на новинарско прашање, за изјавата на Бујар Османи од ДУИ, дека сега кога избирачките места се затворени треба сите да се обединат околу концепотот за премиер Албанец, Таравари рече дека ДУИ заминува во опозиција.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на прес-конфернцијата рече дека ДУИ е задоволна од тоа тоа како се одвивал денешниот изборен процес и ги повика сите албански партии постизборно да се обединат за да добијат прв премиер Албанец.