Во „Клик плус“ на ТВ 21, синоќа генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари рече дека во овие моменти потребно е формирање на широка коалиција за справување со коронавирусот.
„Да се формира сега широка коалиција поради коронавирусот, а потоа на локалните избори да одиме и на нови предвремени парламентарни избори“, рече Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.
Претходно, Таравари за ТВ21 потенцираше дека ако ДУИ оди во коалиција со СДСМ, тие ќе одат со ВМРО-ДПМНЕ и обратно.