Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во ексклузивна изјава за „News33.Tv“ посочи дека Коалицијата Алијанса и Алтернатива не поддржува организирање на вонредни локални избори во Штип и Пласница.
Според него во време на пандемија би било нелогично за седум месечен мандат да се прават непотребни трошоци. Таравари, би било многу подобро да се именуваат вршители на должност градоначалници, како што е предвидено со законот за локална самоуправа, сè додека не се одржат редовните локални избори во 2021 година.
,,Нелогично е дека, во време на пандемија, кога се соочуваме со висок ризик за јавното здравје за седум месечен мандат да организираме избори во две општини. Ние како коалиција сметаме дека не е разумно да се прават непотребни трошоци во време на криза и ништо конкретно не би се постигнало. Ние како коалиција, поддржуваме и сме поддржувачи на идејата дека во овие две општини треба да бидат назначени вршители на должност до редовните избори кои се веќе многу блиску, рече Таравари.
Тој вели дека тие, како коалиција, предлагаат во ова време кога имаме втор бран на пандемијата со корона вирусот, да се прават дополнителни трошоци и да не се загрозува здравјето на грашаните, затоа што секако за овој случај има законско решение кое може да го реши случајот.
„Коалиција Алијанса и Алтернатива предлага да не се прават непотребни трошоци и да не се загрозува здравјето на граѓаните, сега кога имаме втор бран пандемија, затоа што има законско решение за овој проблем.“, рече Таравари.