Таравари: Зимбабве и Гана имаат повеќе вакцинирани од Македонија

Генералниот секретар на Алјанса за Албанците, Арбен Таравари упати остри критики кон актуелни политики на Владата во врска со справување со Ковид-19.

„Тотална неспособност. Ние не донесовме ниту една вакцина. Србија ни донесе неколку илјади вакцини. Ние сами донесовме многу малку вакцини. Тоа е страшно. Бројките секој ден растат. Еве ќе ви дадам неколку примери, да не зборувам за сериозни земји во Европа, еве видете Африка, видете во Зимбабве, во Гана и други земји имаат повеќе вакцинирани него Македонија“, рече Таравари во „Click Plus“ на ТВ21.

Додаде дека моменталната состојба е страшна и алармантна. Бројот на починатите е висок, а Македонија е меѓу првите десет земји во светот по починати од Covid-19.

 

Вкупната бројка заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.