Нервозата во штипското СДСМ станува се поголема, откако црната кампања која ја водат им донесе негативни поени и осуда од јавноста. По организирањето на опело од страна на пријателите на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Благој Бочварски, нов инцидент се случил во општина Штип од страна на таткото на Бочварски, градежниот инспектор Венцо.
Според кажувањата на очевидци, Венцо Бочварски му забранил на возачот на штипскиот градоначалник Захариев да влегува во одредени канцеларии во урбанизмот. Тоа довело до тензична ситуација, но сепак возачот на градоначалникот се повлекол со цел да не се предизвикуваат инциденти. Имено, лицето М.Н кое е официјален возач на градоначалникот Захариев било принудено да напушти една од канцелариите откако Венцо Бочваров му „наредил“ да го стори тоа, иако тоа не било ниту негова канцеларија.
Венцо Бочварски, таткото на кандидатот Благој во општина Штип, според кажувањата, се однесувал како деспот однесувајќи се како да е градоначалник или како општината да е негова. Бочварски „постариот“ инаку е познат по низа скандали во урбанизмот за што пред неколку десетина години весниците во континуитет пишуваа за него. Исто така, е инволвиран и во сомнителната приватизација на ГП „Пелагонија“ за што постојат и судски документи.
Инаку пред некој ден, јавноста се згрози од опелото што го направи лицето Сафет Али, кој е пријател на Бочварски помладиот. Иако кандидатот Бочварски се дистанцираше од ова, во Штип се зборува дека токму „свештеникот“ Али ќе биде новиот шофер на Бочварски ако победел во вториот круг во Штип.