
Таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси објави писмо кое ѝ го испратил на шпанската Ла Лига, а во која го отфрла нивното тврдења дека клаузулата за негово ослободување од обрските кон Барселона во износ од 700 милио и евра и натаму ќе се применува доколку фудбалерот го напушти клубот и замине во друг клуб.
Меси инсистира дека може да замине од Барселона како слободен играч според клаузулата со која на 10-ти јуни секоја година од договорот тој може да замине во друг клуб без обештетување. Но Барселона и Ла Лига тврдат дека клаузулата за слободно заминување на играчот е на сила и откупната клаузула од 700 милиони евра мора да биде платена.
Ла Лига во неделата, неколку дена откако Меси го извести клубот дека сака да замине и не се појави на тренингот и тестирањето на коронавирусот, ја објави изјавата во која се наведува дека договорот на играчот сѐ уште е валиден.
Ла Лига истакнува дека Меси со заминувањето од клубот ја активира клаузулата од 700 милиони евра и дека клубот кој сака да го доведе во своите редови мора да плати, но неговиот татко Хорхе Меси во писмото тврди дека таа клаузула повеќе не е на сил.
„Не знаеме кој договор тие го анализирале и врз основа на што заклучиел дека договорот содржи клаузула за раскинување која се активира кога играчот ќе реши да ја искористи опцијата еднострано да го раскине договорот на крајот од сезоната 2019/2020“, напиша Хорхе Меси во писмото објавено на социјалните мрежи.
„Тоа е очигледна грешка на Ла Лига. Клаузулата 8.2.3.6 во договорот кој играчот го потпишал со клубот гласи: ‘Овој надоместок нема да се применува доколку фудбалерот еднострано одлучи да го раскине договорот почнивајќи од крајот на сезоната 2019/2020’ Очигледно дека клаузулата од 700 милиони евра не може да се примени“, се истакнува во писмото.
Проблемот всушност настанува во толкувањето кога завршила сезоната, која беше пролонгирана поради пандемијата на коронавирусот. Според шпанскиот клуб, клаузулата важела со датумот наведен во договорот во јуни 2020 година и оти рокот истекол, додека според Меси се повикува на подоцното завршување на годинешната сезона.