![rijana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/rijana.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Новиот албум на славната Ријана се очекува веќе подолго време. Веќе знаеме како ќе изгледа насловната страна и дека ќе се вика „Анти“, но се друго е мистерија.
Иако славната пејачка од 2005 година до 2012 година секоја година издаваше по еден албум, освен во 2008 година, ова е нејзина поголема пауза.
Нејзиниот татко Роналд Фенти, за „Сан“ откри дека неговата миленичка „многу се сомнева“ во новиот алуб.
– Роби не е среќна со новиот албум. Кога ги помина сите песни, таа откри многу ситни работи кои сака да ги менува и тоа многу ја загрижи. Тоа е долготраен процес, а тоа воопшто не е лесно, се пожали Фенти.
Роналд тврди дека неговата ќерка си создава огромен притисок, затоа што овој албум го нарече „прв“ и сака тој да биде најдобар до сега.
– Тоа не се лоши песни, но таа мисли дека нешто им недостасува. Се уште не знае кои да ги избере од 26-те песни. Се уште е во потрага по свеж материјал и има многу енергија, ја заврши таткото семејната исповед.