Таунс погоди со сирената за победа на Минесота

Кошаркарите на Минесота Тимберволфс со кош во последната секунда дојдоа до победа од 99:97 против Мемфис Гризлис по продолженијата со што стасаа речиси до ефектот од 50 отсто.

Против втората најлоша екипа во Западната конференција, Волфс одиграа многу израмнет натпревар во кој на крајот играч на дуелот стана Карл-Ентони Таунс кој во последната акција имаше скок во напад и потоа погоди тежок шут од крилна позиција преку рацете на противникот со звукот на сирената за крајните 99:97.

Таунс мечот го заврши со 16 кошеви и 10 скокови, а домашните ги предводеше Џери Бејзли со 19 поени, 12 асистенции и седум скокови. Кај гостите најефикасни беа Мајк Конли со 26 и Марк Гасол со 19 погодоци.

Со соодносот на победи и порази 25:26, Минесота се наоѓа на 11-то место во Западната конференција, а осмите Лос Анџелес Клиперс, кои ја држат последната позиција која води во плејофот, имаат 28:23. Мемфис, пак, падна на соодносот 20:32.

Индијана Пејсер го претрпеа и третиот пораз во низа по повредата на нивниот најдобар играч Виктор Одалипо, а подобри од нив на домашен терен беа Вашингтон Визардс со 197:89. Овие 89 поени се најмалку кои Пејсерс ги постигнаа оваа сезона, а најдобар стрелец во нивните редови беше Тадеус Јанг со 13 поени. Визардс до 22-та победа во 51 натпревар ги предводеа Бредли Бил со 25 и Џеф Грин со 23 погодоци.

Со соодносот 32-19, Индијана падна на четвртото место во Источната конференција, третата Филаделфија има 33-18, а петтиот Бостон на 32-19, додека Вапшингтон е деветти со 22-29, а осмите Шарлот имаат ефект од 24-26.

Њујорк Никс паднаа на последното место во целата НБА лига со сооднос 10-40, а 11-от последователен пораз им го нанесоа на домашен терен убедливо со 90-114 Далас Маверикс. Најдобар стрелец кај Никс беше Кевон Кокс со 17 поени, а стрелците на Маверикс ги предводеше Харисон Барнс со 19 кошеви, додека Денис Смит помладиот оствари „трипл-дабл“ со 13 поени, 10 скокови и 15 асистенции,

Со соодносот 23-27, Далас и натаму е далеку од доигрувањето, во моментов е 12-ти во Западната конференција.

Денвер Нагетс се зацврстија на второт место со ефектот 35-15 со гостинската 105:99 против Њу Орлеанс Пеликанс. Кај Нагетс Никола Јокиќ го оствари осмиот „трипл-дабл“ сезонава со 20 кошеви, 13 скокови и 10 асистенции, додека стрелците во победничката екипа ги водеше Малик Бисли со 22 поени, Кај Пеликанс најефикасни беа Џру Холидеј со 22 и Менрих Вилијамс со 21 кош.