Референдум на кој се полнеа кутии, афери кои продолжуваат, тендери кои се бројат во милиони, филм кој власта го забрани, режисер чие семејство е мета на прогон, како и многумина други… е тажната слика за Македонија денес, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Власта од ден во ден ја покажува цела своја немоќ и расипаност, ова не е веќе битка само за името, ова не е веќе битка само против еден штетен договор, ова е битка на секој еден човек против оваа власт, за правда, за осуда на криминалот, за пoдобар живот, за подобра иднина, за Македонија која победува!, додава Мицкоски.