Тажна слика на Велигден во Тетово: Влезот пред православните гробишта затрупан со ѓубре

Денеска на вториот ден од Велигден, кога православните христијани ширум Македонија одат на гробиштата за да им оддадат почит на починатите, влезот на православните гробишта во Тетово е затрупан со неисчистен отпад.

На тоа реагираат граѓани преку социјалните мрежи.

На втор ден Велигден, православните христијани ги посетуваат гробовите на своите предци за да им оддадат почит со палење свеќа и делење црвени јајца. Ова е сликата на влезот од православните гробишта во Тетово. Коментар не е потребен. Министри, градоначалници, функционери – срам да ви е, напиша во својата порака на Фејсбук, Катка Божиноска.