Театарот кој се продуцира во парламентот, во храмот на демократијата, е индикатор за кревкото парламентарно мнозинство и претствува несупешен обид за дефокусирање од многуте криминални афери, целосен неуспех во менаџирањето со пандемијата и паника од политичката моќ на обединетата албанска опозиција, раегираше во саботата комисијата за здравство на опозициската коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Учеството во собраниската седница на пратениците позитивни на вирусот и заразени со Cовид-19, беше уште еден скандал предизвикан на релацијата претседател на Собрание и претседател на Комисијата за заразни болести, односјо Талат Џафери и др Жарко Караџовски. Овој башибозлук на овој тандем сведочи за хаотично управување и опасно за јавното здравје“, реагираа од коалицијата.
Потсетуваат дека Џафери на една телевизиска емисија изјави дека со негово барање, Комисијата за заразни болести составила посебен протокол за присуство на болни пратеници во парламентот, потпишан од претседателот на оваа комисија, др Караџовски.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, исто така, потсетуваат дека неколкупати бараа оставка и распуштање на Комисијата за заразни болести затоа што проценуваат дека е комисија којашто донесува политички одлуки а не професионални.
„Во овој случај, нашите сомневања се дека претседателот на Комисијата донел самостојно одлуки по наредба на министерот за здравство, премиерот или претседателот на Собранието обидувајќи се да придобијат политички поени продуцирајќи медиумски спектактл во Собрание со пратениците облечени во скафандери“, велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива
Коалицијата на двете опозициски партии уште еднаш бара оставка од Комисијата и создавање фржавна комисија со строго предвидени надлежности и составена од професионалци од одговорни области, како епидемиолог, инфектолог, имунолог и микробиолог.