Телата на 2.500 цивили најдени во Луганск од почетокот на војната

Од почетокот на, како што ја нарекува Москва „специјалната воена операција“ својата инвазија во соседна Украина од 24-ти февруари 2022 година, пронајдени се телата на 2.500 цивили во самопрогласената по прозападниот преврат во Киев во 2014-та доминантниот руски југоисточен регион Луганск, жртви на украинските сили, изјави во средата Ана Сорока, советничка на привремениот челник на ткн Луганска Народна Република

„До почетокот на …. во нив (масовните гробници) беа откриени повеќе од две илјади загинат, а во 2022-ра та бројка се зголеми за уште 2.500 луѓе. Само на територијата на агломерацијата Североденецк подигнавме тела на 600 луѓе, а сѐ уште ме сме ангажирани со масовните гробници“, рекла за агенцијата РИА, Сорокина, која е шефица на меѓуресорската работна група за потрага по масовни гробници и идентификација на жртвите.

Според неа, првично споменатиот меѓуресорски тим планирал да работи со масовните гробници направени во периодот од граѓанската војна во Украина во периодот 2014/2015 година, од каде останките биле подигнати уште пред две години.

„Во текот на целата 2022-ра требаше да се посветиме на последователна работа со познатите гробници. Но започна специјалната воена операција и ги префрливме нашите тимови да работата на ослободените територии во Рубежно, Североденецк, Лисичанск, Ппаснаја, Кремењаја, Сватово… Таму има многу спонтани гробови, и индивидуални и масовни“, додава Сорока.

Според неа, најчеста причина за смртта кај извлечените тела се рани нанесени од куршуми, шрапнели, рани од експлозиви, како и нагмечувања под урнатини. Голем процент од вкупниот број починале и од природни причини, но нивната меѓуресорската група работи врз концептот „жртви на украинската агресија“.