Телефонски повик ја стопирал полициската акција во ГТЦ

Фејсбук објава на Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

„Уште еден доказ дека МВР спроведува и стопира акции преку телефонски повици !? Вечерва во подрумот на ГТЦ имаше полициска акција која требаше да изврши увид во подрумот каде што во магацински простор се поставени машини за копање на крипто валути, но по телефонски повик полицијата е повлечена и не успеа да ги пронајде машините и дивите приклучоци за крадење на електрична енергија за работа на тие машини, додека новинарските екипа испаднаа посопобни и од полицијата. ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ Е ПУШТЕН НА НАЈЈАКО !!!“, пишува Нелоски.