Правата за телевизиските преноси на натпреварите од женската фудбалска Бундеслига во Германија поскапеле за 16 пати за периодот од четири сезони почнувајќи од сезоната 2023/2, објави во средата Германскиот фудбалски сојуз (DFB).
Од финансиската 2023 до 2027 година, приходите од телевизиските права за женската Бундеслига секоја сезона ќе носи 5,17 милиони евра бруто, што е за 16 пати повеќе во однос на сегашниот период до летото 2023 година, објавија од DFB.
Допрва треба да донесе одлуката за распределбата на оваа сума меѓу 12-те прволигаши.
За споредба, телевизиските права во Англија за натпреварите од женската прва лига во периодот од 2022 до 2025 година изнесуваат 8 милиони фунти по сезона.
Платформата со плаќање DAZN ќе ги пренесува сите 132 натпревари од женската Бундеслига, како и уште една слична платформа MagentaSport. Триесет и два натпревара по сезона од летото 20213-та ќе бидат некриптирани пренесувани на јавните телевизиски канали 10 на ARD и 22 на ZDF.
Седумкратниот шампион Вфл Волфсбург и Баерн Минхен кој победи во 2021 година, се двата најважни клубови во женската Бундеслига и настапуваат и во женската Лига на шампионките.