Тело на починат маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје

Вчера околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје.

Како што сведочат очевидци на настанот, телото на мажот било извлечено од полицијата во строгиот центарот на градот – меѓу Камениот мост и мостот „Око“.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.

Извршен е увид, а по наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.