Температури над 50 степени во Египет

Највисоките горештини за мај се регистрирани во средата во Египет, каде во главниот град Каиро е измерена температура на воздухот од 43 Целзиусови степени, додека на сонце термометрите ја надминале критичната за човековото здравје граница од 50 степени.

Според метеоролошката служба на Египет, ситуацијата била уште полоша во јужниот дел од земјата, каде што температурата од 45 Целзиусови степени во сенка. Постудено било на египетскиот север во областа на Медитеранот, каде што како и на Синајскиот полуостров во средата се регистрирани температури меѓу 37 и 40 степени.

Синоптичарите предупредуваат дека натамошното влошување на временските прилики се очекува во четврток, кога ќе биде достигнат температурниот пик. Во областа на Каиро се прогнозираат 46 степени во сенка, во Александрија, пак, 39 степни со голема влажност на воздухот што предизвикува поголемо чувство на горештина, а на југот од Египет се предвидува температура од 40 Целзиусови степени. Поради тоа, локалните власти го изменија вообичаениот режим на работа на јавниот сообраќај, и истовремено следните денови ја откажаа наставата во училиштата.

Уште во вторникот сите градски служби функционирале во режим за вонредни ситуации. Така, завршните испити во државните училишта кои се одвиваат овие денови се одложени, наставата е откажана, а известени се и родителите на учениците во сите меѓународни училишта. Многу детски градинки од сигурносни причини нема да работат и во четвртокот.

Администрацијата на Каиро соопшти дека поради високите температури брзината на композициите во подземната железница на влезовите и на пругите кои се на површината ќе се намали од 80 на 60 километри на час.

„Со цел да се осигури безбедноста на инженерските мрежи и електричните кабли, се пропорачува намалувње на брзините на возовите од ситгемот до 60 километри на час“, изјавил за весникот Al Balad портпаролот на каирската подземна железници Ахмед Абдел Хади, додавајќи дека според прописите за безбедност, рестриктивните мерки за спречување на несреќни ситуации стапуваат на сила кога температурата на воздухот ќе надмине 38 Целзиусови степени.

Локалното населени е предупредено што помалку време да минува надвор од своите домови, а затворени се најголемиот дел од продавниците, медиумите пишуваат и дека улиците на градовите во најголемиот дел од земјата се речиси пусти, а на патиштата ретко се забележуваат автомобили.

Ситуацијата е полоша и поради тоа што овој бран горештина се случува во време на светиот месец Рамазан кој во Египет започна на 6-ти мај а трае до 3-ти јуни, кога муслиманските верници се воздржуваат од храна и пијалаци од муграта до зајдисонце. И доколку поради ваквите временски прилики речиси и се губи желбата а храна, воздружувањето од пиење може да доведе до дехидрација, загрозувајќи го здравјето и животот на луѓето. Поради тоа, во медиумите се чести предупредувањата од лекарите особено повозрасните лица да не ги напуштаат своите домови, да не се појавуваат на отворено соцне и, доколку е можно, да се откажат од постот доколку тоа е опасно по нивното здравје.

Поради ваквите услови, градските болници се ставени во посебен режим на работа, поради зголемениот број повици за помош поради високите температури. Во вонреден режим на работа се и енергетските компании, електричните мрежи не го издржуваат оптоварувањето поради масовното вклучување на климатизерите и вентилаторите, а во низа региони има прекин во снабдувањето со електрична енергија.