Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 17 до минус осум, а дневната од минус 13 до минус шест степени, најавуваат метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе се искачи до минус девет степени.
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Утринските температури насекаде ќе бидат многу ниски, кога наместа ќе се спуштат и под -20 степени, а дневните ќе бидат во благо покачување.