Тензично во Подгорица – оклопни борбени возила и полиција на улиците

Во пресрет на протестот против изменетиот Закон за претседател, на улиците во Подгорица има борбени оклопни возила и зголемено полициско присуство, јавија локалните медиуми.

Тие се распоредени пред зградата на Парламентот и Владата. Просторот пред Собранието е ограден со заштитна ограда.

Улиците во главниот град на Црна Гора се преполни со возила со учесници на протестите од 24 општини.

Официјален организатор на собирот е Форум Луча, а граѓаните беа повикани од ДПС на Мило Ѓукановиќ со традиционалните коалициски партнери – СДП, СД и ЛП.

Организаторите бараат повлекување на Законот за претседател и распишување вонредни парламентарни избори.