Синоќешниот евролигашки дуел помеѓу Виртус Болоња и Анадолу Ефес (80-85) предвреме заврши за српскиот интернационалец Милош Теодосиќ и тоа поради исклучување во последната четвртина поради обид да се пресмета со еден од судиите.
Србинот протестираше кај еден од судиите за една од претходните спорни ситуации, за помалку неочекувано еден од останатите двајца делители на правдата му досуди техничка грешка. Тоа беше Словенецот Дамир Јавор.
Неговата одлука го разбесни Теодосиќ, кој дури и малку го турна Јавор, по што овој го исклучи.
❌LIO CON TEODOSIC❌
👉El árbitro le ha pitado una técnica y el jugador le ha encarado desafiante. Milos Teodosic ha acabado expulsado con DESCALIFICANTE ⚠️🫣
Así ha sido 👇#EuroLeague #basketball pic.twitter.com/TwYPi6VAr8
— Pick&Cast (@PickAndCast) November 25, 2022