Тепачка на „Рузвелтова“ во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот во Скопје

На 08.04.2022 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.М.(30) од Скопје и М.Н.(36) од с.Раклиш, радовишко.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.