Тепачка во автобус на ЈСП во скопската населба Кисела Вода

Штотуку се случи немил настан во скопската населба Кисела Вода. Имено во еден од автобусите на ЈСП со број 51, дошло до физичка пресметка на поголема група на луѓе, се претпоставува дека се ученици. Неколку лица се повредени, објави 24 Инфо.

Автобусот во моментов е паркиран.

Полициските екипи се веќе на терен.

Дел од присутните нападнале и новинарска екипа, пренесуваат медиуми.