Тепачка во тетовско, играл и пиштол

Тепачка во која заиграл и пиштол се случила вчера во селото Долно Седларце, тетовско.

Во тепачката на која и претходела вербална расправија учествувале Д.Ј. (41) од село Брвеница и дваесет и седумгодипниот А.Ѓ. Д.Ј. испукал неколку куршуми кон А.Ѓ., но не го погодил.

На местото се пронајдени неколку чаури. Вчеравечер Д.Ј. сам се пријавил во полициска станица во Тетово каде пријавил физички напад од страна на А.Ѓ.,  извршено му е алкотестирање и утврдено е 0,74% алкохол во крвта.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.