Настапот на Европското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во Германија е неизвесен поради повреда за 31-годишниот голман на Барселона и на германската репрезентација Марк – Андре тер Штеген.
Тер Штеген во моментов е надвор од теренот и не бранеше на пријателските натпревари на Германија против Турција и Австрија, а не беше ниту на голот на Барселона на последните три натпревари.
Причина е повредата на грбот, а како што наведуваат денеска шпанските медиуми, многу е веројатно дела проблемите на квалитетен начин можат да се решат само со оперативен зафат.
Барселона, германската репрезентација и самиот Тер Штеген официјално не потврдија заминување на операција, но доколку тоа се случи искусниот голман веројатно ќе го пропушти ЕУРО 2024.
Домаќинот Германија е во групата А и ќе игра против Швајцарија, Шкотска и Унгарија.