Британската премиерка Тереза Меј во неделата изјави дека не е од „друга галаксија“ кога станува збор за преговорите со Европската комисија за излегувањето од неа на Обединетото Кралство, реагирајќи на критиките на европските објавени во медиумите, коишто ја обвинуваат дека премногу бара.
„Меј живее во другата галаксија, тврди Брисел“, пишува насловната страница на The Sunday Times кој пренесува информации од состанокот на британската премиерка, Тереза Ме, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и главниот преговарачот на Европската унија, Мишел Бернар Барние одржан во средата.
Меј на тој состанок јасно кажала дека сака да разговара за трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија пред да се мине на решавањето на чувствителното прашање на раздвојувањето, што Брисел го одбива.
„Тоа и не мина баш најдобро“, рекол, според пишувањето на The Sunday Times, Јункер пренесувајќи во телефонски разговор детали од разговорот со Меј на германската канцеларка Ангела Меркел.
„Таа живее во некоја друга галаксија. Врз основа на она што беше изложено на состанокот, можам да кажам дека е поверојатно дека договорот нема да се постигне отколку дека ќе биде“, рекол Јункер според зборовите на еден од неговите помошници.
„Јас не сум од некоја друга галаксија“, одговори Меј во неделната политичка емисија на BBC. Таа гостуваше во емисијата „The Andrew Marr show“ во којашто реагираше на написите во весниците.
„Верувам дека тие коментари и коментарите на другите европски функционери упатуваат на тоа дека ќе има моменти кога преговорите ќе бидат многу тешко“, рече Меј, повторувајќи дека изостанувањето на договор за неа е многу подобра опција од постигнувањето лош договор.
„Сигурна сум дека ќе успееме да постигнеме договор за трговскиот договор и за условите за излегувањето. Токму поради тоа во водењето на таквите преговори ние е потребно посилно и постабилно водство“, додаде британската премиерка Тереза Меј.