Терористички напади во Париз: Најмалку 126 лица загинаа (фото+видео)

Властите го активираа планот Алфа на највиското црвено ниво, за бројни престрелки, а сите париски болници се мобилизраа за да ги прифатат ранетите. Лекарите кои беа во штрајк, го прекинаа истиот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Истовремено сите полициски сили беа мобилизирани за сослушување на сведоците на местата на атентатите и во полициските комесаријати. Бројните напади, предизвикуваа стравување од можни реплики на други месат во парискиот регион и Франција. Армијата е мобилизирана за обезбедување на повеќе клучни институции, посебно училиштата.

Нападите се случија десет месеци по терористичките напади на џихадистите во јануари, во кои загинаа 17 лица, по што имаше уште неколку други напади или обиди за напади.

Последниот беше на 21 август во возот Талис, меѓу Брисел и Париз. Тогаш само присебноста на патниците и интервенцијата на некои од нив, меѓу кои американски војници на отсуство, дозволи да се избегне вистински масакар.

Франција од пред две години е ангажирана во коалицијата против Исламската држава во Ирак и Сирија, а од декември планира и распоредување на носачот на авиони Шарл де Гол во Заливот. Објава на војна, на која според специјалистите, терористите одговорија со сцени од апокалипса.