Агенти на противтерористичките сили откриле импровизирана експлозивна напраа и оружје во супермаркетот во јужното француско гратче Требе, каде што во петокот се одигруваше заложничка драма, која заврши со смрт на четири лица, соопштија правосудни извори во саботата.
Освен експлозивната направа, агентите пронашле и огнено оружје со калибар 7.62 и ловечки нож, пренесува агенцијата DPA, повикувајќи се на судски извори./
Напаѓачот, 25-годишниот Радуан Лакдим, убиен е во петокот пред вечерта во Требе, близу Каркасон каде што живеел, откако уби три лица и тешко рани полицаец кој подоцна им подлегна на повредите.
Иследниците настојуваат да ги утврдат причините за дејствување на напаѓачот, и да пронајдат евентуални соучесници на Лакдим, француски државјанин со мароканско потекло, кој себеси се претставил како „војник“ на џихадистичката групација Исламска држава која набрзо ја презема одговорноста за нападот.
Со овој напад бројот убиени во низата џихадистички напади кои ја зафатија Франција од почетокот на 2015 година се искачи на 245 жртви.