Терористот во Манчестер дејствувал сам, партиите ја запреа кампњата

© Peter Byrne/PA via AP

Најмалку 22 луѓе се убиени во нападот на бомбашот самоубиец во понеделникот ноќта во „Манчестер Арената“, а напаѓачот кој дејствувал сам ја активирал импровизираната бомба во фоајето од слата околу 22,30 часот, непосредно по завршувањето на концертот на американската пејачка Аријана Гранде, објави во вторникот началникот на полицијата Иан Хопкинс.

Меѓу жртвите има и деца, а повредени се 59 луѓе.

„Ова го сметаме за терористички напад и во оваа фаза од истрагата веруваме дека напаѓачот бил сам. Сега наш приоритет е да утврдиме дали бил дел од некоја мрежа. Веруваме дека носел импровизирана експлозивна направа и ја активирал“, изјавил Хопкинс.

Станува збор за најсмртоносниот напад на територијата на Велика Британија од јули 2005 година кога четворица британски муслимани убија 52 лица во самоубиствени бомбашки напади во лондонската подземна железница.

Експлозијата се случи во понеделникот вечерта во „Манчестер Арена“, чиј капацитет е 21.000 места и е најголемата во Европа, каде што настапи американската пејаќка Аријана Гранде пред публика во којашто имало многу деца кои се нејзини големи обожаватели.

Очевдец која пристуствувала на концертот рекла дека слушната голема експлозија при излегувањето од салата, по што следеле пискотници, а илјадници луѓе во паника се обидувале да побегнат. „Се упативме кон излезот од арената, и веднаш се слушна голема експлозија, по што сите почнаа да врескаат“, изјавила за Reuters Катрин Мекфејрлин.

„Беше голема експлозија, можевте да ја почувствувате во коските. Беше хаотично. Сите трчаа и врескаа и единиствена цел им беше да излезат од салата“, додала.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, меѓутоа двајца американски безбедносни функционери го споредуваат со нападите на ислимистите во ноември 2015 година во концертната сала „Батаклан“ и на другите локации во Париз во кои беа убиени 130 луѓе.

Приврзаниците на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава одушевено го поздравија нападот на социјалните мрежим, а некои повикуваат и на нови слични напди.

Британските политички партии се согласија поради нападот во Манчестер на неодредено време да ја прекинат предизборната кампања пред изборите кои треба да се одржат на 8 јуни. Премиерката Тереза Меј разговраше со лидерот на опозицијата Џереми Корбин и двајцата одлучиле „да ја суспендираат националната капања“.

„Работиме на утврдувње на целосните детали од она што полицијата го третира како терористички напад. Сите наши мисли се со жртвите и семејствата на настраданите“, се наведува во пораката на Меј.

„Згрозен сум од ужасниот настан во Манчестер минатата вечер. Моите мисли се со семејствата и пријателите на настраданите“, изјави Корбин.

Дваесет и троигодишната Аријана Гранде на Twitter објави дека е „скршена“ поради нападот. „Од сета длабочина на срцето, жалам. Немам зборови“, напиша пејачката.