![полиција-лента41](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/policija-lenta41-2.jpg?resize=276%2C183&ssl=1)
На регионалниот пат Гостивар – Градец, во Дебреше, вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која учествувале „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „имт“ со приколка, што го управувал И.Р.(56) од с.Боговиње, тетовско.
-Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.