Почина момче од Скопје, во сообраќајка која се случила синоќа во 11.30 часот. Петар Ј.(17) починал на пат кон Ургентниот центар.
Несреќата се случила на улицата Јустинијан први, а во неа учествувале „рено лагуна“ со скопски регистерски ознаки, управувано од А.Д.(48), „форд мондео“ со скопски регистерски ознаки, управувано од М.С.(50) и моторцикл „мондиал“, управувано од жртвата.
Со телесни повреди се здобиле две сопатнички од моторциклот, на возраст од 16 и 17 години, кои се пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Ургентниот центар за укажување на лекарска помош.