![Albania, Serbia, Montenegro and North Macedonia high level meeting](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Milo-Djukanovic-Alex-Vucicsh.jpg?resize=675%2C434&ssl=1)
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека синоќа имал тежок и сложен разговор со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
„Долго зборувавме за положбата на српскиот народ и за неодамна донесениот закон за верски слободи во Црна Гора. Се согласивме дека нашите ставови и позиции се многу оддалечени и дека не може да се постигне заеднички став за овие прашања“, изјави Вучиќ за Блиц.
Оцени дека се согласил со Ѓукановиќ наскоро да ги продолжат разговорите.
„Разговаравме како цивилизирани и одговорни луѓе, свесни дека Србија и Црна Гора никогаш не треба да бидат антагонизирани една на друга и дека е потребно да се продолжат разговорите што е можно поскоро, кои ќе доведат до натамошно намалување на тензиите и изнаоѓање решенија“, кажа Вучиќ,.
Додаде дека е разговарано и за европскиот пат на Србија и Црна Гора и е договорена поголема меѓусебна координација на идните настапи пред европските институции и за продолжување на разговорите за поголема слобода и брзина на проток на стоки, луѓе, капитал и услуги во регионот (мал Шенген).
Претседателите на Србија и Црна Гора разговараа за време на официјалната вечера која домаќинот, израелскиот претседател Рувен Ривлин ја приреди за 40 светски лидери, пред денешната комеморативна церемонија по повод 75-годишнината од ослободувањето на затворениците од нацистичкиот логор Аушвиц-Биркена