Тешко настрадан пешак во Битола

Рано утрово, околу 6,05 часот во Битола, на крстосницата од улиците „Филип Втори Македонски“ и „Благојче Сиљановски“, автомобил „мицубиши колт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 62 годишниот П.Г. од Битола удрило во 68-годишниот Ф.Ц., исто така, од Битола, информира МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.