Тешко повреден градежен работник во Гостивар при работа на зграда

Во СВР Тетово вчера во 13.45 часот било пријавено дека при извршување работни задачи на станбена зграда на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, 49-годишниот гостиварец И.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Повредите, како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, биле констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.