
На 04.09.2020 во 20:30 часот на магистрален пат Радовиш-Штип во близина на раскрсница за сeлото Бучим патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-горишниот Р.М од селото Огњанци кај Петровец, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и бил пренесен во Клинички центар Штип.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.