Тешко повреден маж во несреќа на делницата Кичево-Охрид

Педесет и две годишен маж од кичевско е тешко повреден откако во саботата ноќта  возилоото во кое бил сопатник излетало од коловозот на мегистралниот пат од Кичево кон Охрид.

Синоќа околу 22,35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, 52-годишниот И.А. од селото Грешница, управувајќи патничко возило „цитроен пикасо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, сопатникот 45 годишниот Ј.Е. од селото Зајас, кичевско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.