На 26.01.2023 околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат с.Стари Град – с.Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.М.(45) од с.Мартолци излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М.(79) од с.Мартолци, констатирани во Општа болница Велес.
По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.