Тешко повреден пешак по удар на автобус на ЈСП

Тешко е повреден е Љ.Џ. (85) од скопското село Студеничани, откако вчера во него удрил автобус на ЈСП „Скопје“.

Од МВР информираат дека несреќата се случила во 11:40 часот кај Транспортниот центар во Скопје.

Авотбусот бил управуван од Б.Б.(53) од Скопје, а Љ.Џ., чии повреди се констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.